Сите сакаат да бидат убави, а кога луѓето се често на медиумите сакаат да изгледаат најубаво. Тоа добро го знаат холивудските ѕвезди, но изгледа дека и рускиот претседател Владимир Путин ја следи светската мода.
Досега Путин неколку пати ја покажа својата машкост, па гол до појас јаваше коњ, ловеше риба во река и се возеше со мотор. Најновите фотографии покажуват дека Путин многу се грижи за својот изглед и лицето, затоа што повеќе нема подочници, ниту брчки околу очите, особено кога ќе се направи споредба на неговите фотографии од пред 15 години.
Путин (63) изгледа се помлад. Рускиот моќник, кој е на чело на Русија веќе 16 години, ништо не препушта на случајноста. Странските медиуми пишуваат дека користи ботокс и многу други благодети на козметичката индустрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


