| четврток, 6 декември 2018 |

Италиjанскиот убавец со поекономичен мотор за американскиот пазар

Автомобилската групација „ФЦА“, составена од италијанскиот и од американскиот гигант за производство на автомобили, „Фиат“ и „Крајслер“, на Саемот за автомобили во Лос Анџелес го претстави моделот „алфа ромео џулија“ со послаб мотор, наменет само за Северноамериканскиот континент

Покрај најсилната верзија на моделот „квадрифолио“, моделот „џулија“ ќе се нуди со новоразвиениот турбо-бензински мотор со директно вшприцување на гориво и со варијабилно управување на работата на вентилите, кој ќе развива 280 коњски сили. Иако овој модел требаше премиерно да биде претставен во февруари 2016 година на Саемот за автомобили во Женева, од групацијата „ФСА“ се одлучија послабата бензинска верзија малку порано да ја види светлината на денот.

alfa-romeo-giulia-002

На врвот на понудата на „Алфа“ останува моделот „џулија квадрифолио“ чиј 2,9-литарски битурбобензински мотор со шест цилиндра, кој е направен во соработка со „Ферари“, нуди 512 коњски сили и 600 њутн-метри најголем вртежен момент. Преносот на силата се извршува преку шестостепен мануелен менувач, а сето тоа е доволно новиот модел на „Алфа“ кој е одговор на „БМВ М3“, од 0 до 100 километри на час да забрзува за 3,8 секунди. Максималната брзина изнесува 307 километри на час. При тестирањето на овој автомобил на патеката Нирбургринг во Германија постави време од седум минути и 39 секунди, што доволно говори колку тој е добро избалансиран.

alfa-romeo-giulia-005

„Џулија квадрифолио“ доби 19-инчни зајакнати бандажи на кои се монтирани гуми од италијанскиот производител „Пирели“, а на купувачите како опција им се нудат кочници изработени од карбон и од керамика со кои на ова возило, при брзина од 100 километри на час му се потребни само 31 метар за да застане.

Без разлика на претставувањето на послабата верзија на претстојниот Саем во Лос Анџелес, двете верзии силата на моторот ја пренесуваат само на предната или на двете оски. Овој италијански убавец во себе ги има сите сигурносни системи што воопшто некогаш ги произвеле „Фиат“ или „Крајслер“, и затоа безбедноста при управувањето и при поголеми брзини е на највисоко ниво.

alfa-romeo-giulia-004

Овој модел најпрвин ќе се нуди исклучиво на пазарот во САД, а потенцијалните купувачи ќе мора да почекаат до вториот квартал од следната година за да можат да го имаат во своите гаражи. Најавената почетна цена од околу 70.000 долари е значително пониска од цената што треба да биде за европскиот пазар, која изнесува помалку од 80.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top