| четврток, 6 декември 2018 |

Романот на Дракулиќ за Фрида Кало на македонски

Издавачката куќа „Икона“ деновиве ја издаде „Фрида или за болката“ кој е еден од најголемите хрватски бестселери

Издавачката куќа „Икона“ деновиве го издаде преводот на македонски јазик на романот„Фрида или за болката“ на хрватската писателка Славенка Дракулиќ. Оваа книга е еден од најголемите хрватски бестселери кој е продаден во повеќе од 10.000 примероци.

Преводот од хрватски е на македонскиот писател Александар Прокопиев. Македонското издание е објавено со поддршка на ТРАДУКИ, книжевна мрежа.

Љубовта и болката се опсесивни теми за Дракулиќ, а во Фрида Кало, познатата мексиканска сликарка, којашто и овозможува да ги истражи најдлабоките и најосновни чувства кај човекот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top