Документите што ги објави „Викиликс“ покажуваат дека американската влада за време на студената војна во својата борба против комунизмот во 70-тите години се обидувала да ги регрутира музичарите како еден вид оружје, пренесува лондонски „Телеграф“.
Американската амбасада во Москва серизно ја разгледувала опцијата да го ангажира Боб Дилан како еден од музичарите кои со својата турнеја по Русија „би ги разбудил антикомунистичките чувства кај руската младина“, а, покрај Дилан, во план биле и Нил Јанг, Карли Сајмон и други.
„Народот во Русија не ја сака соул-музиката, така што предлагам да почнеме со музичарите кои свират поблаг рок, блуз рок или кантри рок“, стои во документот што Волтер Стоесел му ги испратил на Хенри Кисинџер.
Владата претходно имала намера да ги контактира американските уметници и да ги праша дали воопшто биле согласни да свират пред советската публика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.