| четврток, 6 декември 2018 |

Најголем број нови случаи на заболени од ХИВ во историјата на Европа

Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) надлежна за европскиот регион регистрирала над 142.000 ХИВ дијагностицирани лица во 2014-та, што претставува најголем број на нови заразени лица за една година досега, од почетокот на нивното евидентирање во 80-тите.

Според најновите податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦПКБ) и регионалната канцеларија на СЗО за Европа, ХИВ епидемијата има најголем размер во источниот дел на регионот, каде бројот на нови дијагностицирани инфекции е зголемен повеќе од два пати, само во последната декада.

Главна причина за пораст на бројките во источна Европа е пренесувањето по хетеросексуален пат, но голем удел има и инфицирањето преку дроги кои се инјектираат. Во земјите од ЕУ и Европската економска област (ЕЕО) пак, примарен начин за пренесување е сексуалниот однос меѓу мажи. Двајца од тројца нови инфицирани со ХИВ се родум од Европа, додека странците, меѓу кои и мигрантите претставуваат само една третина од нив.

– Стапката на нови дијагностицирани е зголемена повеќе од два пати во некои земји на ЕУ и ЕЕО, а во други е намалена за 25 проценти од 2004 година наваму. Сепак, глобалната епидемија со ХИВ и понатаму постои и состојбата е главно непроменета“, објаснува в.д. директорот на ЕЦПКБ – Андреа Амон.

И покрај конкретните програми за превенција во многуте европски земји, сексот помеѓу мажи е примарниот начин за пренесување на вирусот во ЕУ и ЕЕО.

– Бројот на ХИВ дијагностицираните случаи меѓу мажите кои што имаат секс со мажи се зголемува алармантно, од 30 проценти во 2005-та, до 42 отсто во 2014 година. Ова покачување е забележливо скоро секаде, освен шест земји од ЕУ и ЕЕО – нагласува в.д. директорот на ЕЦПКБ Андреа Амон.

„Европа мора да ги зголеми своите напори за да допре до оваа група. Тоа вклучува

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top