Американската актерка Кејти Холмс веќе две години е во врска со својот колега Џејми Фокс, открива „Ју-Ес викли“. Иако за нивната врска се шпекулираше уште од оваа пролет, списанието конечно ги улови во интимна атмосфера.
Наводно, поранешната сопруга на Том Круз сè уште не сака пред јавноста да признае дека е вљубена, иако одамна го запозна филмскиот Џанго со својата деветгодишна ќерка Сури, а тој, пак, неа со своите ќерки 21-годишната Корин и петгодишната Аналис.
Списанието објави фотографија на која таа и Фокс во релаксирана атмосфера се држат за рака.
Ова е прва сериозна врска за Холмс по разводот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.