Вчера во ПС-Гази Баба, Д.С.В. (18) од Скопје пријавил дека на ноќта на 21 према 22 ноември, околу 00.05 часот во сала „Метрополис Арена“, додека бил на концерт заедно со неговите пријатели К.Г., Л.С., Д.Г. и уште еден другар и една другарка, бил нападнат од страна на 3-4 непознати лица на возраст од околу 20-22 години.
Тој претходно флертувал со една девојка од нивното друштво, а едно од лицата на босански јазик го предупредил да не ја гледа бидејќи му била сестра. По кратко време непознатото лице го фатил за рамото го повлекол и го удрил со тупаница во пределот на десното око. Потоа му се приближиле и другите лица и почнале да го удираат во пределот на телото со стаклени шишиња и со тупаници, по што паднал на подот во бесознание, а додека го удирале забележал како неговиот другар Д.Г. лежи на земјата,а истите лица го удираат со клоци.
После тоа напаѓачите се оддалечиле, а повредените се упатиле во болницата „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Од настанот разбрал дека лицата кои го нападнале се А.С и А.С. од с.Батинци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.