Република Македонија заради некомпетентноста на новиот технички министер, назначен од СДСМ, Оливер Спасовски е во огромен ризик.
Од доверливи извори дознаваме дека пред синоќешниот состанок на Советот за безбедност, Оливер Спасовски на општа зачуденост, потпишувал изјава за доверливост, што според експертите укажува дека тој не поседува Сертификат за безбедност.
Во ситуација кога стотици цивили настрадаа во Париз и цел свет се соочува со огромни закани од терористички напади, повеќе од очигледен е ризикот во кој Спасовски ја втурна Македонија со одземањето на сите овластувања во МВР, што е спротивно на закон.
Искусни професионалци од МВР велат дека без сертификат, Спасовски не смее да има пристап до класифицирани информации, а во ваква ситуација ги одзеде овластувањата за издавање наредби и од директорите на јавната и државната безбедност и од началниците и командантите. Според нив потрагично е што среде ваква криза и безбедносни закани, Спасовски решил да се занимава и да ги бара списоците на сите 12.000 вработени во МВР, какви службени телефони користеле и какви службени возила управувале. Како што дознаваме за себе го нарачал најновиот Iphone 6.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Македонците ќе имаат најкраток работен век во Европа