Македонската млада фудбалска репрезентација до 21 година, денеска во рамките од квалификациите за Европското првенство 2017 одигра одличен натпревар во групата против фаворизираната селекција на Франција одигрувајќи 2-2 на спортскиот комплекс „Петар Милошевски“.
Македонските надежи пропуштија голема шанса за победа, бидејќи по првото полувреме имаа предност од 2-0. Стрелци на головите беа Виктор Ангелов во 19.минута и Марјан Радевски во 40.минута.
До победата избраниците на селекторот Боби Милевски беа уште поблиску во вториот дел кога играчот на „галските петли“ Спарања заработи црвен картон во 59.минута.
Сепак сета своја сила французите ја покажаа во последната третина од мечот кога со играч помалку постигнаа два гола и го израмнија резултатот. Франција најпрво намали на 2-1 во 65. минута преку нововлезениот Халер, а во 72. минута и Н’Куду се запиша во листата на стрелците за израмнување на 2-2.
Во финишот од натпреварот Македонија постигна уште еден гол преку Кире Маркоски, но тој беше поништен поради офсајд.
И со овој нерешен резултат македонската млада репрезентацијата останува во игра за едно од двете места кое води директно на ЕП 2017.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.