Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ја повика денеска Сирија да ја одобри посетата на тимот инспектори на ОН, кои би ги истражиле двата наводни случаи на користење на хемиско оружје во конфликтот во земјата.
– Ја повикувам Владата на Сирија да воспостави целосна соработка и да и дозволи на мисијата да дојде, рече Бан во Рим.
Тој предочи дека истрагата на мисијата прво била насочена на еден инцидент во селото Хан ал-Асал што се случил на 19 март, но подоцна дошло до промена.
– Врз основа на информациите со кои располагам, заклучив дека мисијата треба исто така да ги стражи наводите за користење хемиско оружје во Хомс на 23 декември, рече Бан.
– Жалам што Владата на Сирија се уште не се согласи на тие измени кои ги предложив, додаде тој.
Бан рече вчера дека еден тим на ОН е на Кипар и е подготвен да се распореди во Сирија заради истраата за наводите за користење хемиско оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!