Претседателот на Мaкедонското лекарско друштво (МЛД), Горан Димитров, во изјава пратена до медиумите предложи итно донесување закон во Собранието што ќе ги штити угледот, честа и животот на лекарите при извршување на својата професија.
Според него, овој закон треба да има двојно поголеми казни за извршените деликти кон лекарите и целиот медицинскиот персонал и тој да биде спроведуван и истакнат во секоја медицинска ординација, амбуланта, болница.
Димитров го посетил доктор Љубомир Огњеновиќ, кој вчера беше ранет со огнено оружје на своето работно место во одделението за дигестивна хирургија на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Му изразил желби за побрзо оздравување.
– Сите лекари се револтирани од овој немил настан и од тоа што му се случи на колегата, кој во нашите кругови кај пациентите е омилен и претставува олицетворение на морална, етичка и на хумана личност посветена на својата професија. Не заборавајте дека со нашата заклетва ние сме обврзани да помагаме и на човек што претходно убил човек, човек што тепал дете, човек што удрил бремена жена во сообракајна незгода – стои во изјавата на Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Никола Димитров „тежи” над 800.000 евра, а за школување на ќерка му плаќа државата
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Специјалистите ќе чекаат уште една година за ветената плата од 100.000 денари
-
Заев и Димитров полуголи не поздравија од Охрид