Климатските промени до 2030 година можат да одведат во екстремна сиромаштија повеќе од 100 милиони луѓе преку уништувањето на земјоделството и преку последиците од ширењето маларија и други болести, се наведува во извештајот на Светската банка.
Извештајот, објавен неколку недели пред самитот на ОН за климатските прашања во Париз, покажува нерамномерни последици од глобалното затоплување.
Сиромашните во светот не се подготвени да се соочат со климатските шокови како што е зголемување на морското ниво или тешките суши, наведуваат експертите.
– Тие имаат помалку ресурси и добиваат помала поддршка од семејството, заедницата, финансискиот систем и дури од системите за социјално осигурување- посочува Светска банка.
Меѓу темите на разговорите во Париз ќе бидат начините за помош на сиромашните земји и како сиромашните општества да се соочат со климатските промени.
И покрај напорите за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и на други гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, нема веројатност климатските промени наскоро да запрат. Се очекува емисиите на јаглерод да растат на подолг период, бидејќи Кина, Индија и другите земји во развој ја зголемуваат употребата на фосилни горива за нивните економии.
Напорите за заштита на сиромашните како што се целосно подобрување на пристапот до здравствена заштита и социјално осигурување, како и целните мерки за подобрување на заштитата од поплави и дистрибуција на насади кои виреат на топла клима, би можеле да ги спречат повеќето негативни последици од климатските промени врз сиромашните, наведува СБ.
Извештајот цитира студии кои покажуваат дека климатските промени може да доведат до пад на светската жетва од пет проценти до 2030 година и 30 проценти до 2080 година. Цитирани се и студии кои покажуваат дека зголемувањето на температурата може да го зголеми бројот на луѓето кои можат да се заразат со маларија до 150 милиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Времето се менува: Температурите значително ќе опаднат
-
Три позитивни промени што ќе ги почувствувате кога ќе престанете да јадете бел леб барем еден месец
-
Климата на Земјата би можела да излезе од контрола
-
Климата во автомобилот може сериозно да ви го загрози здравјето: Еве како правилно да ја користите!