| четврток, 6 декември 2018 |

Пет причини зошто да јадете компир

Компирот не е без причина еден од најчестите видови храна во светот, велат нутриционистите. Покрај тоа што ќе ве засити, во компирот, всушнот, се крие богатство од лековити состојки.

ЕДЕН КОМПИР ВО ПРОСЕК СОДРЖИ

• 4 пати повеќе калиум од бананите
• 46% од дневната потреба на витамин Б6
• 50% од дневната потреба на витамин Ц
• 33% од дневните потреби на манган
• 7 грама влакна

ГО РЕГУЛИРА КРВНИОТ ПРИТИСОК
Компирот често се смета за прехранбен производ од кој се дебелее. Тоа и не е баш така, особено го ако јадете без адитиви како што е сирењенот, павлака или други полно масни млечни производи. Оваа храна е одличен извор на калиум кој го хидрира телото и помага во намалување на крвниот притисок.
ГО ПОТТИКНУВА ВАРЕЊЕТО И ВЕ ПРАВИ СИТИ
Компирите се богати со влакна, и се особено вкусни ако ги печете и јадете со кората. Токму поради влакната ќе бидете подолго заситени. Компирите имаат позитивен ефект врз здравјето на срцето и намалување на нивото на лошиот холестерол во крвта.
КОМПИРОТ Е БОГАТ СО ВИТАМИН Ц
Во кората на компирот, па како и во самиот компир, постои голема количина на витамин Ц. Затоа, оваа храна е добра за зајакнување на имунолошкиот систем, и помага во заздравувањето на раните.
ДОБАР Е ЗА КОСКИТЕ
Компирите се богати со манган, кој игра важна улога во обработката на протеинот, јаглени хидрати и холестерол. Овој вид на храна, игра важна улога во заштитата од остеопороза.
БОГАТ Е СО ВИТАМИНОТ Б6
Овој витамин игра важна улога во здравјето на кардиоваскуларниот систем, варењето и имунитетот, но исто така и во градењето на мускулите и функционирањето на нервниот систем.
ЈА НАМАЛУВА КИСЕЛИНАТА ВО ЖЕЛУДНИКОТ
Сокот од компири ги намалува непријатните симптоми на гастритис на тој начин што го регулира лачењето на желудечната киселина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top