Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на денешната седница донесе решение со кое жалбите на ОЈО – Скопје против решенијата на судија на претходна постапка за издвојување на доказите од списите на предмети на обвинителството се одбиваат како неосновани и решенијата на судија на претходна постапка со кои се издвојуваат докази – аудио записи од телефонски разговори и транскрипти од истите се потврдуваат.
Одлука на кривичниот следува откако Апелациониот суд се прогласи за ненадлежен да одлучува по жалбите на Основното јавно обвинителство во Скопје кои беа поднесени откако Основниот суд Скопје 1 донесе одлука да ги отфрли како неосновани докази прислушуваните материјали што ги објави опозицијата во коишто наводно се вмешани високи владини функционери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.