| четврток, 6 декември 2018 |

Германија ги праќа бегалците кон Белгија

germany-migrants-hg-1149_c84baa1a147301b74ce5ddd8010c9694.nbcnews-ux-2880-1000Германија испраќа дел од бегалците кон Белгија, изјави портпаролот на белгиската Граѓанска платформа за поддршка на бегалците.

Според него за тоа сведочат емигрантите кои поминале преку Германија и пристигнале во Белгија.

Тие изјавија дека добиле инструкции од германските власти да не поднесуваат барања за азил во Германија и да си ја пробаат среќата во Белгија.

Белгиските центри за бегалци веќе се пополнети, јавуваат белгиските медиуми, а истовремено од почетокот на ноември се набљудува нов прилив на кандидати кои бараат азил во Белгија.

Со оглед на тоа што во прифатните центри, каде што кандидатите го чекаат одговорот на нивното барање, повеќе нема место, некои од нив престојуваат на улиците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top