| четврток, 6 декември 2018 |

По четири години, титулата во Аргентина се врати во витрините на Бока јуниорс (видео)

Boca Juniors vs Tigre

Екипата на Бока јуниорс по четири години пауза повторно е шампион на Аргентина. На две кола до крајот на првенството со синоќешната минимална победа од 1-0 против Тигре, екипата на Карлос Тевез ја осигура титулата со шест бода предност пред конкурентот Сан Лоренцо. Единствениот гол го постигна Монсон во 82.минута и оттогаш, па сѐ до раните утрински часови во Буенос Аирес траеше прославата на навивачите на Бока.

Еден од главните играчи во тимот, секако, е повратникот Карлос Тевез, кој беше пресреќен бидејќи ова му е втора титула оваа година, по онаа во мај со Јувентус во лигата на Серија А.

Boca Juniors vs Tigre

– Освоив многу титули, но оваа е посебна. За ова се вратив и за ова се живее, навистина ми е тешко да зборувам – изјави Тевез.

Со 31 титули, Бока е втор најтрофеен клуб во аргентинското првенство. Повеќе има само градскиот ривал Ривер Плата, 36.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top