| четврток, 6 декември 2018 |

Авганистан ќе ги прифати назад сите бегалци од таа држава кои не добиле азил

be

Претставник на авганистанските власти изјави дека тие ќе примат назад сите депортирани авганистански граѓани од Германија.

Заменик-портпаролот на авганистанскиот претседател, Зафар Хашем, изјави дека како држава од Женевската конвенција, Авганистан е должен да ги прифати назад сите свои граѓани чии молби за азил се отфрлени.

Тој прецизира дека претседателот Ашраф Гани и германскиот канцелар Ангела Меркел неодамна зборувале за тоа прашање. Според официјални податоци, од почетокот на годината 120.000 Авганистанци ја напуштиле државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top