| четврток, 6 декември 2018 |

Наташа Беквалац го пцуе Сергеј Трифуновиќ зошто ја најави дека ќе настапи на македонска телевизија!(видео)

На социјалните мрежи повторно стана актуелно видеото од 2012 година во кое Наташа Беквалац го пцуе актерот Сергеј Трифуновиќ.

naslovna
Имено, ова видео кое беше снимено за потребите на  новогодишната емисија Хиторама, која се емитуваше не музичкиот канала Ем Ти Ви, а чиј водител беше Сергеј, се случи инцидент помеѓу ако им се верува на таблоидите тогашните екс љубовници.

Наташа тогаш беше специјална гостинка во новогодишното издание на емисијата на која во тоа време водителот беше познатиот актер. И се одеше во најдобар ред додека Сергеј не ја најави Наташа со зборовите:

-Ви знаете дека Ем Ти Ви, македонска музичка телевизија, се занимава и со зачувување на животната средина и екологија, а во рамките на таа кампања вечерва за прв пат на МТВ ќе настапи Наташа Беквалац со песната „Чистија“ (Почиста) – гласеше најавата на Трифуновиќ.

Ваквата најава воопшто не и се допаднала на Беквалац која пред публиката во студиото го опцу:„Јади го*на! Зошто така ме најавуваш?“.

Продуцентите го решија овој конфликт, така што ја убедиле Наташа да ја отпее својата песна, а на Сергеј му посочиле да ја спушти топката.

Наташа и Сергеј наводно биле во неколку годишна врска пред таа да стане сега веќе екс госпоѓа Икодиновиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top