Марија Шарапова е во извонредна форма на Австралија опен, меле сè пред себе и без загубен сет се пласира во четвртото коло. Во натпревар што требаше да биде дерби на денот во Мелбурн, руската тенисерка ја прегази Венус Вилијамс со 6-1, 6-3. Првите две средби Шарапова ги доби со 6-0, 6-0. И против Венус почна извонредно, поведе со 4-0, а првиот гем на турнирот го загуби по серијата од 28-0. Таква серија немала ниту една тенисерка во модерната ера на оваа игра и тоа е рекорд по бројот на едноподруго освоени гејмови на гренд слем турнирите.
Во вториот шлагер на третото коло, Ана Ивановиќ беше подобра од сонародничката од Србија, Јелена Јанковиќ, со 7-5, 6-3. Двете тенисерки играа на врвно ниво и само нијанси ја решија победничката.
Кон втората седмица од гран-слемот сигурно се приближуваат и фаворитките Ли На, Агнешка Радванска, Јулија Гергес, Анжелик Кербер…
Речиси немаше изненадувања и во машка конкуренција. Фернандо Вердаско е елиминиран од одличниот сервер Кевин Андерсон, а без проблеми во 4. коло се пласира бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ, Бердих, Вавринка, Типсаревиќ, Алмагро….
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст