| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарките на Металург рутински се пласираа во третото коло на КПК

zrk

Ракометарките на Металург со уште една победа против холандскиот состав Фрисланд се пласираа во 3. коло од Купот на победниците на куповите. Денеска тие славеа со 33-26 и со вкупен резултат од 57-49 одат понатаму.

Девојките од Автокоманда сосема заслужено се пласираа во следната рунда на КПК, комплетно доминирајќи на денешниот дуел. По само 20 минута играа домашните ракометарки имаа неверојатна предност од 18-4,  а потоа во далеку порелаксирана игра им дозволија на Холанѓанките да се доближат на полувреме и до минус девет (19-10).

Најефикасна во редовите на Металург беше Дајана Јовановска со 10 погодоци, а Стојановска, Белевска и Саздова постигнаа по четири погодоци. Најдобра во тимот на Фрисланд беше Роми со шест погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top