Со презентацијата на начинот на функционирање пред голем број претставници на медиумите, „Мерцедес“ доби дозвола од германските власти да го пушти во употреба целиот систем за овој тип камиони во сериско производство.
Имено, „мерцедес актрос“ ќе може да се движи по автопат без да го управува возач, кој, секако, мора да биде во кабината за да може да ја преземе контролата над возилото во секој момент.
Повеќесензорската фузија, во комбинација со докажаните системи за безбедност и со сите сензори од новата генерација што се веќе вградени во постојните камиони на „Мерцедес“, овозможува овој тип возила, кои, исто така, се опремени и со комплексниот систем за автоматско управување, постојано да го следат целиот простор пред камионот и сами да преземат контрола и управување во одредени ситуации. Тоа му овозможува на возачот да ги тргне и рацете и нозете од командите и од управувачот без никаков ризик.
На тестот се презентирани повеќе ситуации во сообраќајот каде што системот се покажа беспрекорен и немаше ниту една грешка. Веднаш штом ќе се вклучи во сообраќај на автопат, тој му укажува на возачот дека може да ја преземе автономната работа и со едно обично притискање на тастер да се активира и да го продолжи движењето. „Мерцедес актрос“ во тој
момент беспрекорно ја држи својата линија на движење и го одржува оптимално растојанието со возилата пред него. Ако растојанието се намали, тој ги користи сопирачките. Доколку пред него има доволно простор, забрзува до брзината според условите на патот или ограничувањето.
Доколку возачот има потреба да се исклучи од автопатот или има ситуација кога се изведуваат работи на патот, системот му предлага на возачот да го преземе управувањето на возилото.
Камионот го придвижува мотор со 12,8 литри и со сите докажани системи за помош и за безбедност. Тие системи се поврзани со сензорите што се вградени во камионот, вклучувајќи ги и системот за автоматско управување со повеќе радари и стереокамерите. Сите овие системи се самостојни и не е потребен интернет за нивно користење.
Сепак, овој систем не е направен за да биде замена за возачот во возилото туку за да му помогне во управувањето и да го одмори во монотоните и долги делови од возење по автопат. Доколку на автопатот недостигаат ознаки или, пак, временските услови не дозволуваат автономно управување, самиот систем со светлосни и звучни знаци му укажува на возачот да го преземе управувањето. Доколку возачот го игнорира тоа од кои било причини, тогаш самиот систем самостојно и безбедно го запира камионот.
Околу две третини од сообраќајните несреќи на товарните возила во светот се случуваат поради човечки фактор. Задоцнето сопирање, излегување од својата лента, сонливост, одвлекување на внимание и слично се чест случај на автопатиштата. Со овој систем што го разви „Мерцедес“ тоа никогаш нема да се случи бидејќи тој е агилен, концентриран, отпуштен и работи беспрекорно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст