Кандидатот за градоначалник за Град Скопје од „Сојузот за иднината“, Јани Макрадули, верува дека скопјани ќе ја изберат иднината и ќе гласаат за сопствениот град.
– Верувам дека, и покрај сите силни притисоци и закани што се правеа овие денови, скопјани ќе излезат масовно и на најдобар начин ќе се спротивстават на сето тоа што се прави – изјави кандидатот на „Сојузот за иднината“ за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули, откако гласаше на избирачко место во ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


