| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ потврди соработка со Цаноски

Владејачката ДУИ ја потврди информацијата дека паднал договор со Фиат Цаноски. Висок функционер на ДУИ вели дека работата со Фиат Цаноски е готова. Цановски негира дека ќе го напушти Црвенковски, но потвди разговори со ДУИ

getImageThumbnail.axd-Можам да ви потврдам дека со Фиат Цаноски се договoривме, тие да го поддржат нашиот кандидат во Струга, а ние да им дадеме поддршка во Маврово-Ростуше. Значи, тие ќе гласаат за нашиот кандидат во Струга, а ние нема да одиме со кандидат во Маврово Ростуше и ќе гласаме за изборот на ПЕИ – вели висок функционер на ДУИ.

Дека Цаноски ќе му го сврти грбот на Црвенковски вчера прв објави „Курир“, преку албанската верзија.

– Многу пати моето име се спомнуваше во медиумите како можен кандидат за градоначалник на општината, но тоа се шпекулации. Ви гарантирам дека нема да се кандидирам, но му дадов препорака на мојот татко Фиат Цаноски ПЕИ да се обедини со албанските партии. Можам да ви потврдам дека Фиат Цаноски е во разговори со партијата на Ахмети, кои наредните денови би можеле да завршат доста позитивно. Но, не можам да кажам дека ПЕИ ја напушта коалицијата со СДСМ, тоа е одлука на лидерот на партијата Фиат Цаноски– рече вчера за „Кури“ на албански јазик Сефер Цаноски.

ПЕИ во моментов има 3 пратеници во Собранието и заедно со пратениците екс-новинари прават пратеничка група во Собранието.

Од партијата на Цаноски преку соопштение негираат дека ќе ја прекинат соработката со СДСМ.

Точно е дека изминатиов период имавме разговори со неколку политички партии од албанскиот блок каде во општините во кои ПЕИ го има поголемиот број на гласачко тело и во голем дел се директни конкуренти со албанските партии за некаков вид на можна соработка. Но таков договор или соработка досега немаме реализирано со ниту една политичка партија.

Ние остануваме во „Фронтот за Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top