| четврток, 6 декември 2018 |

Украинската армија и проруските активисти ги повлекуваат тенковите од Донецк

Украинската армија и проруските сепаратисти денеска соопштија дека почнале да ги повлекуваат тенковите и другото оружје од линијата на фронтот во реонот на Донецк, откако тој процес заврши во соседниот регион на Луганск. ­

ukraine_afp_685674S1

 

– Почнавме денеска да ги повлекуваме тенковите, оружјето со калибар под сто милиметри и минофрлачи со калибар до 120 милиметри, изјави Леонид Матјохин, портпарол на украинската армија.

Повлекувањето почна во регионот на Дебалцево, стратешка точка на поврзување на бунтовничките центри Донецк и Луганск .

– Информацијата беше потврдена од Едуард Басурин, еден од бунтовничките лидери во Донецк.

Тој додаде дека утре бунтовниците ќе ги повлечат тенковите, распоредени покрај Новоазовск на брегот на Азовското Море, во близина на стратешкото пристаниште Мариупољ, последниот голем град во зоната на конфликтот, што е под контрола ба Владата во Киев.

Басурин нагласи дека по Новоазовск на ред доаѓа Донецк. Во вооружениот конфликт во Украина, кој почна во април 2014 година загинаа над осум илјади лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top