| четврток, 6 декември 2018 |

Прва победа на МЗТ на гостински терен, во Никшиќ падна Сутјеска

mzt

Кошаркарите ја МЗТ Скопје вечерва во Никшиќ на остварија третата победа во шестото коло во рамките од АБА лигата, прва на гостински терен. По неуспесите против Партизан и Мега Лекс кога МЗТ можеше да се врати дома со победи, оваа победа над Сутјеска од 77-69 доаѓа во вистинско време за избраниците на Алеш Пипан.
„Металците“ како и на претходните две гостувања го диктираа темпото, но овојпат прикажаа и значаен напредок, не дозволија преголеми осцилации во својата игра, што им ја донесе оваа значајна победа во пресрет на домашното дерби против Куманово.
МЗТ беше подобра противник во текот на целиот меч и уште од самиот почеток поведоа со 9-15 за во финишот од првата четвртина му дозволат на противникот да се врати и да измрани на 21-21. Тоа беше се што сторија доќаините бидејќи металците уште во втората четвртина покажаа зошто се дојдени. Веднаш направија предност од седум поени која ја сочуваа докрајот на полувремето. (32-39).
Во третата четвртина набрзина направија двоцирена предност со кошевите на Дамјан Стојановски, но сепак Сутјеска се врати но не успеа да го израмни резултатот. До финишот од мечот гостите од Скопје рутински ја завршија задачата.

Мијатовиќ со 18 поени го предводеше МЗТ Скопје на ова незгодно гостување, Дамјан Стојановски постигна 15 поени, додека Љубичиќ и Луковиќ придонесоа со по десет поени во оваа победа.

МЗТ Скопје в среда го очекува незгодно гостување во Куманово во рамките од второто коло во македонскиот шампионат, а „металците“ во следното коло од АБА-лигата ќе ја пречекаат Цибона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top