Информациите дека Никола Груевски бил на народен собир во Црквата Св. Димитрија во Прилеп и дека поради тоа имало слаба посетеност се уште еден пример за стратегијата на СДСМ базирана на лаги и манипулирање на јавноста. Ваквото соопштение кое го испрати СДСМ Прилеп, а веднаш беше пренесено од страна на соросовиот портал Плус Инфо е уште една бескрупулозна лага и показател како на дело СДСМ сака да ја излаже јавноста.
Фактот дека СДМС и нивните медиуми лажат дека Никола Груевски бил во Прилеп најдобар демант е и попладневниот состанок кој премиерот го имаше во Владата на Република Македонија во текот на целиот ден, а кој го проследија телевизиските екипи од сите медиуми.
Премиерот Никола Груевски не само што денес воопшто не бил во посета на Прилеп, и целиот ден го поминува работно во просториите на Владата, информациите од луѓето од ВМРО-ДПМНЕ и функционерите кои биле присутни со народот говорат дека настанот бил проследен од огромен број на граѓани.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека СДСМ доживува фијаско и секој нов ден се откриваат нови лаги кои тие самите ги фабрикуваат. Очигледна е нивната нервоза, па по неколкуте лаги за посетата на Заев на Израел ова е нова манипулација која брзо е демаскирана, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Стратегијата на СДСМ е практично лиферување и штанцање на лаги и грубо газење на вистината за која само тие декларативно се залагаат. Изминатиот месец имаше канонада на невистини и лаги чиј главен извор беше токму СДСМ а тие истите беа пренесувани од медиумите под нивна контрола.
Очигледно ваквата нивна стратегија доживуваа силен дебакл, па за два дена СДСМ беше демантирана на двапати од државата Израел. Прво дека не се разговарало за внатрешни и финансиски прашања важни за Македонија што значи воопшто не биле спомнати ниту бомбите на Заев иако тој лажеше дека се дискутриало за нив при состаноците кој ги имал со министерот за внатрешни работи на Израел Шалом и израелскиот претседател, а денес стигна нов демант дека наспроти тврдењата на вести 24 и Телма, Заев воопшто немал никаков контакт ниту средба со преставник на МОСАД.
Денес уште една шлаканица на Заев стигна токму од Прилеп и собирот кој бил во црквата при што лесно се разоктрива манипулацијата која ја шират од СДСМ и медиумите блиски до нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.