Во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите, ЖРК Вардар доживеа непријатен пораз на домашен терен од Ѓер. По натпреварот тренерот на екипата Индира Кастратовиќ видно разочарана на прес-конферецијата воопшто не се обиде да бара алиби за поразот туку вината ја гледа во целиот состав без да издвои некоја светла точка од текот на натпреварот.Останува надежта дека ова е само прв меч и дека ќе биде многу подобро на следните средби, бидејќи битката продолжува во оваа сезона која според првите најави ќе биде крајно неизвесна.
– Сакам да му честитам на Ѓер за одличната партија која ја пружија во Скопје. Сосема заслужено си одат со победа бидејќи ние ништо не одигравме и не наликувавме на тим. Се надевам и посакувам ова да биде само еден лош ден за моите девојки и дека во следните натпревари и до самиот крај на Лигата на шампионите ќе покажат дека имаат квалитет. нам дека е прв меч и дека сите со нетрпение го очекувавме. Но тоа не е никакво оправдување за денешниот натпревар. Треба да извлечеме поука од овој меч, да ги исправиме грешките и од натпревар во натпревар да одиме на подобро. Денска не исполнивме ништо од тоа што се договаравме. Денеска ние не бевме тим – истакна Индира Кастратовиќ на прес-конференцијата по натпреварот.
Десното крило на Вардар, Јованка Радичевиќ одигра слаб натпревар како и сите ракометарки на тимот, и ништо друго не и остана освен да им честита на ракометарките на Ѓер.
– Му честитам на Ѓер за добрата игра и победата. Тешко е нешто да се каже после ваков меч и ваков пораз. Не можам да кажам дека немаше желба, но некои работи не тргнаа онака како што требаше. Ова не е вистинскиот Вардар. Што побрзо треба да се собереме и да продолжиме понатаму. Знам дека навивачите се разочарни од нашата лоша игра, но верувам во наредните мечеви ќе биде многу , многу подобро“ – изјави црногорската репрезентативка од таборот на „вардарки“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




