Мене ми е жал што уште на почетокот г-ѓа Јанева се судри со фелата, значи ова што го гледам изминатите седум-осум дена е судир на јанева со фелата, со обвинителите во Македонија, го коментираше премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во вестите на Канал 5,тоа што се случува деновиве околу формирањето на тимот на Специјалното јавно обвинителство, како и реакциите од Јавните обвинители во државата по изнесените барања на првиот обвинител на СЈО, Катица Јанева.
-Тие реагираат на некои работи кои што таа ги предложим, на бројот на вработени, на надоместоците што ги бара, особено реагираат оние кои што работат во Обвинителствбото за организиран криминал, каде шѓто се најтешките случаи, се води обвинителска постапка за луѓе од ИСИС, за оние кои пренесувале дрога, крвни деликти, убиства, а нивниот буџет е десет пати помал од буџетот кој што го побара г-ѓа Јанева. Јас го гледам револтот што се јави, нивниот годишен буџет е околу 400 илјади евра за се, за разлика од она што е сега побарано. Јас не би сакал да заземам страна во овој случај, затоа што се работи за чувствително прашање, еден сериозен судир во фелата, и на стручна база но и врз база која е поврзана со искористување на капацитетите на обвинителите. Имено, од тоа што го дознав имаме ситуација каде што еден обвинител во обвинитеството работи на 40 предмети. Гледано така, 14, а заедно со неа 15 обвинители во ткн Специјално обвинителство, можат да водат, на пример за сите членови на ВМРО-ДПМНЕ. Но како и да е јас ги почитувам и едните и другите – посочи премиерот Груевски.
-Но она што би сакал да го споменам е дека загрижуваат две работи. Едната работа е тоа што г-ѓа Јанева ги повика обвинителите кои се избрани да не дадат заклетва. Тоа загрижува што од аспект што сите знаеме дека давањето заклетва е законска обврска. И кога првиот човек на таква институција ќе ги повика своите соработници да не дадат заклетва, односно да не го почитуваат законот, тоа загрижува бидејќи сите очекуваме дека тоа е личност која што најмногу ќе ги почитува законите. За да може потоа на другите да им каже дали ги почитуваат законите. Што значи загриженоста и резервите доаѓаат од аспект на тоа дали можеби станува збор за личност која недоволно ќе ги почитува законите во иднина; и втората загриженост е фактот што г-ѓа Јанева во еден ден даде изјава дека ќе работи со седум обвинители, дека нема да застане, дека ќе продолжи со работа, додека следните денови комплетно ја промени својата одлука и каже дека нема да работи со седум обвинители, додека не и бидат избрани сите 14, што значи дека некој во меѓувреме дејствувал врз нејзиното мислење и оттука се создава резервата и прашањето за независноста, во смисла дали независно ќе ги носи одлуките или не?- истакна Груевски во гостувањето во вестите на телевизијата.
-Но како и да е, таа е се уште нова во оваа работа, нема доволно искуство на една ваква функција. Ќе го примиме ова сите како можеби почетнички грешки, и ќе ја следиме нејзината работа да видиме дали овие резерви што се создадоа заради најмалку овие две работи ќе продолжат или ќе се инцидентни појави кои што во иднина нема да се појават. Што се однесува до нас, како ВМРО- ДПМНЕ, ние со нетрпение очекуваме што побрзо јавната обвинителка да започне со работа, затоа што знаеме дека немаме никакви незаконски дела и сакаме што е можно побрзо тоа да се потврди и од тој аспект наш интерес е таа што е можно побрзо да се комплетира и да започне со работа, не само да слушаме вакви или онави изјави, туку да започне со работа и да се произјасни по однос на сите раоти кои се во нејзина надлежност. Ние нема да бидеме пречка како влада и како политичка партија, во однос на нејзиното непречено работење натаму и ќе излеземе во пресрет на сите нејзини барања- рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во вестите на Канал 5, околу случувањата поврзани со формирањето на Специјалното јавно обвинителство, реакцијата на Јавните обвинители и одлуките на Советот на обвинители .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии