Не загрижува тоа што гледаме присуство на деца кои мафтаат со знаменца, а партијата или родителот не водат сметка дека тоа е не само злоупотреба, туку и индоктринација, вели извршниот директор на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, Драги Змијанац, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши и за време на кампањата за претседателските избори, и за парламентарните избори и за време на локалните избори упати апел и до политичките партии и до родителите да се обидат да ги искористат децата како натпревар за подобар живот и благосостојба, но не да ги злоупотребуваат или да ги употребуваат како партиски декор на нивните митинзи, кампањата и изборниот процес. Имено, ако забележувате имаше инциденти и за време на протестите пред локалните избори, и за време на локалните избори од страна на политичките партии каде што не водеа доволно сметка, сметајќи дека на тој начин ќе се приближат до гласачите, не знаејќи дека на тој начин создаваат обратен ефект. Имено, ние потсетуваме дека се прекршуваат овие правни акти, бараме од Народниот правобранител да преземе одредени санкции и ги повикуваме политичките партии на одговорност, потсетувајќи ги исто така родителите дека на овој начин на придонесуваат за благосостојба или добробит на децата, вели Змијанац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.