| четврток, 6 декември 2018 |

Поекономични и почисти мотори од кога и да е

По са­мо две го­ди­ни од пос­лед­но­то осве­жу­ва­ње на мо­де­лот „да­стер“, ро­ман­ска­та ком­па­ни­ја за про­из­водс­тво на авто­мо­би­ли, „Да­чи­ја“, ко­ја е под ка­па­та на „Ре­но“, ја под­го­тви но­ва­та вер­зи­ја на ур­ба­ни­от те­ре­нец за мо­де­лот во 2016 го­ди­на. На­пре­до­кот се те­ме­ли на но­ва­та опре­ма, до­ра­бо­тки­те и на по­е­ко­но­мич­ни­те мо­то­ри

По­ну­да­та за ур­ба­ни­от те­ре­нец „да­стер“, за­поч­ну­ва да ево­лу­и­ра со еди­ци­ја­та за 2016 го­ди­на. Си­те по­зи­тив­ни атри­бу­ти кои при­до­не­соа за пре­поз­нат­ли­ви­от имиџ се за­др­жа­ни, но исто­вре­ме­но се на­до­пол­не­ти со вгра­ду­ва­ње лу­ксуз­на опре­ма, до­да­то­ци на стил­ски од­бе­леж­ја и, се­ка­ко, со на­пре­док на но­ви­те мо­то­ри кои се по­штед­ли­ви и по­чи­сти.

Dacia-Duster-001x

На прв пог­лед се за­бе­ле­жу­ва­ат но­ви­те 16-инч­ни бан­да­жи од алу­ми­нум со црн ди­ја­мант­ски ефект. Вна­треш­но­ста ја кра­си но­ви­от мул­ти­ме­ди­ја­лен си­стем со са­те­лит­ска на­ви­га­ци­ја и со ка­ме­ра ко­ја прв­пат е до­стап­на во еден мо­дел на „да­чи­ја“.

Dacia-Duster-003

Ен­те­ри­е­рот е це­лос­но нов, и на прв пог­лед пре­ов­ла­ду­ва­ат кон­тра­сти кои се за­бе­ле­жи­тел­ни по­ра­ди но­ви­те кон­ци со кои се оп­ши­е­ни ма­те­ри­ја­ли­те со кои се обложени вратите и седиштата. Сепак, највпечатливиот дел е системот „Медиа нав“ кој за првпат е вграден во роденденската едиција на „дастер“ и кој на прв поглед изгледа многу едноставен, но секако е најпрактичен и сеопфатен и во секое време му овозможува на корисникот максимална поврзаност. Заради сателитската поврзаност возачот во секое време добива информации за патот, за временските услови, навигација, информации за близината на хотели, на бензински станици, на трговски центри и многу други елементи кои му се потребни на корисникот.

Dacia-Duster-005

 

Секако, овој мултимедијален систем овозможува поврзување и со паметните те­ле­фо­ни пре­ку ап­ли­ка­ци­ја­та „АХА“. Тој се ко­ри­сти пре­ку се­ду­мин­чен екран во бо­ја, на кој се на­о­ѓа­ат шест та­сте­ри за функ­ци­и­те на ра­ди­о­то, те­ле­фо­нот, ма­пи­те и на­ви­га­ци­ја­та.

Dacia-Duster-007

Ево­лу­ци­ја­та на „да­чи­ја да­стер“, по­крај го­ле­ми­те стил­ски из­ме­ни, се со­стои и во комп­лет­но но­ви­те мо­то­ри, кои се по­е­ко­но­мич­ни и по­чи­сти од прет­ход­ни­кот. Но­ви­от мо­дер­ни­зи­ран мо­тор СЦе 115 тро­ши са­мо 6,4 ли­три на 100 ки­ло­ме­три во ком­би­ни­ран ре­жим на ра­бо­та, а еми­си­ја­та на штет­ни га­со­ви ЦО2 е 145 гра­ма на еден ки­ло­ме­тар. Вер­зи­ја­та на бен­зин­ски мо­тор ТЦе 125 се­га тро­ши 0,2 ли­три по­мал­ку, што од­го­ва­ра на екви­ва­лент­но по­ни­ска­та вред­ност на ЦО2 за седум грама. Подобрени се и дизелските агрегати, па така типот дЦи 90 троши во просек 0,3 литри помалку гориво, а емисијата на штетни гасови изнесува 115 грама наместо досегашните 123 грама. Најголемиот напредок инженерите го постигнаа кај посилната верзија од 110 коњски сили, која сега троши половина литар помалку, а кај верзијата 4×4 емитува скромни 123 грама на ЦО2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top