| четврток, 6 декември 2018 |

Загина едно лице на патот Дојран – Валандово

Едно лице загина откако со својот автомобил излетал од регионалниот пат Дојран – Валандово, пренесува „Макфакс“.

Според информациите од МВР, во четвртокот попладне околу 15.35 часот, шеесет и седумгодишниот струмичанец Војчо Н. со својот автомобил „пасат“ излетал од патот, кај валандовското село Дедели.

Возачот со тешки телесни повреди бил пренесен во медицинскиот центар во Струмица, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Клиничкиот центар во Скопје, каде вечерта околу 22.20 часот им подлегнал на повредите.

Увид на лице место извршиле полицајци од полициската станица Валандово и се утврдуваат причините за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top