| четврток, 6 декември 2018 |

Обилни дождови за време на продолжениот викенд

leten-dozd-11

Во деновите од продолжениот викенд ни следи облачно и пред се врнежливо време. Дождот ќе започне уште во сабота наутро во северната половина од земјата. Околу пладне врнежите ќе се прошират низ целата земја. Локално, со поголема веројатност тоа да биде во западниот дел од земјава, се очекува пороен дожд и наврнат воден талог над 40 литри на метар квадратен. Максималната температура в сабота ќе има вредности од 15°С до 19°С низ котлините.

Во недела рано наутро очекуваме врнежите да бидат поинтензивни и застапени речиси низ целата земја. Преку ден тие ќе бидат нешто послаби во однос на саботните, и ќе бидат позастапени во западниот предел. До крајот на денот се очекува дождот да престане во најголем дел од земјата. Можно е само во текот на вечерта сѐ уште да има врнежи во крајниот западен регион, пред се на планините.

Понеделник ќе биде претежно облачен ден, со повремени сончеви периоди, а дожд ќе има само локално, пред се во планинските предели ово северната половина од земјата.

Повеќе на Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top