Денеска беше промовирана фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, која ќе биде посветена на промовирањето на македонската култура и традиција, а воедно ќе иницира поддршка и спроведува широк спектар на програми за заштита на македонското културно и духовно наследство.
На свеченото отворање покрај основачот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, се обратија Николас Атанасоски, кој е Директор на Фондацијата и Славе Катин, авторот на Монографијата.
-Сметам дека е општествено одговорно да се борам за заштита и негување на Македонското Сонце од Кутлеш како историски симбол и многу важно наследство за Македонскиот народ. Ние, како Македонци не смееме да се обесхрабруваме дури и тогаш кога битката за Македонскиот национален идентитет, јазик и култура е долга, макотрпна, на моменти и фрустрирачка, како што тоа е случај во соседна Грција, како резултат на ирационалната политика на официјална Атина, истакна Атанасоски во своето обраќање.
–Ќе стипендираме најдобри ученици, студенти, ќе го потикнуваме спортскиот дух, но ќе го развиваме и претприемаштвото кај младите преку едукативни програми и подршка на мали бизниси. Ќе издаваме публикации, ќе организираме дебати и трибини за Македонското културно творештво. Ќе ја развиваме етничката толеранција и ќе промовираме социјални проекти од интерес на заедницата. Ќе реставрираме стари градби, но ќе финансираме и археолошки истражувања, рече во обраќањето на Николас Атанасоски, директор на Фондацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


