Железничкиот ќе биде примарен транспорт на мигрантите бегалци, а во случај на потреба од дополнителен превоз, вклучени ќе бидат и автобускиот и такси превозот кои ги исполнуваат условите, односно поседуваат соодветни сертификати и лиценци за превоз.
Ова е заклучокот од денешната 12. седница на Главниот штаб за управување со кризи.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи, ваквата одлука е донесена од безбедносни и здравствени причини како за мигрантитебегалци, така и за локалното население.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



