| четврток, 6 декември 2018 |

Поради трагичната судбина на оваа жена Дино Мерлин ја отпеа најтажната песна во неговата кариера

Имаше семејство, сопруг кој ја обожува, деца, убавина каква што не се гледа често…а тогаш добила лоша вест. Емка Хусеинбеговиќ беше сопруга на познатиот босански пејач  Елдин Хусенбеговиќ . Беа убава и среќна двојка, меѓутоа Емка се разболела.

78382_1eldin

Иако некои успеваат да доживеат длабока старост со тежината на оваа болест, Емка не успеала долго да издржи со болеста и да ја држи под контрола. Прво започнале да и откажуваат моторните функции и завршила во инвалидска количка. А потоа и ослепела.

Љубовта и посветеноста кон сопругата биле мотив за кантавторот Елдин Хусеинбеговиќ да напише некои од своите најубави песни. Една од нив, „Да шутиш“ ја отпеал Дино Мерлин.

78382_130414003

За таа прилика Елдин рекол:

Личноста која најмногу ја сакам неможев да и подарам обувки, бидејќи таа не одеше. Ниту книга, бидејќи не одеше, па дојдов на идеја на сопругата Емка да и подарам албум. Мојата сопруга е слепа и во количка. Кога би можел да го вратам времето и кога би знаел дека ќе ослепи и ќе биде во количка, повторно би се оженил со неа.

Во април 2013 година, после неколку години борба со оваа тешка болест, Емка починала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top