| четврток, 6 декември 2018 |

Сузе Национале ја отпеа кинеската химна (видео)

Сузана Спасовска сподели видеоснимка на својот фејсбук-профил, во која може да слушнете како Сузе Национале пее на кинески јазик.

Имено, во Амбасадата на Република Кина во Скопје се одржа свеченост по повод одбележување на националниот ден – 1 Октомври. Амбасадата во соработка со институтот „Конфуциј“ при универзитетот „Св. Кирил и Методи“ во Скопје ѝ укажаа чест на Сузана Спасовска да ги отпее македонската и кинеската национална химна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top