Менаџерот на Ливерпул Брендон Роџерс е се поблиску до излезната врата на „Енфилд Роуд“. По разочарувачките резултати во Премиерлигата, екипата има проблеми и при реализацијата во Лигата на Европа. Во второто коло на свој терен кога се очекуваше да дојде до позитивен резултат против Сион, одигра само 1-1.
Роџерс не го криеше незадоволството од постигнатиот резултат, но тоа не помогна дополнително навивачите на „црвените“ да му го завртат грбот и да бараат смена на кормилото.
– Разочарани сме. Пропуштивме многу шанси што ќе беа клучни за резултатот. Сè додека не почнеме да постигнуваме голови – нема да победиме – изјави менаџерот по средбата.
Британецот е подложен на голем притисок поради слабите резултати, како во домашното првенство така и во европските натпреварувања. По завршувањето на натпреварот навивачите на „редси“ повторно го покажаа нивното незадоволство од сегашниот менаџер и го исвиркаа.
– Свесен сум дека медиумите ќе ја ‘обојат’ вистината, но мораме да останеме смирени. Ова е предизвик за нас – додаде Роџерс чиј отказ по вчерашниот резултат изгледа сè поверен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


