| четврток, 6 декември 2018 |

Kaролина со проектот „Македонско девојче“ во Белград

Каролина Гочева за првпат во живо ќе го претстави проектот „Македонско девојче“ во престижната концертна сала „Коларац“ во Белград, на 7 ноември, во организација на „Авалон продукција“.

Станува збор за ексклузивен концерт, на кој белградските фанови на Каролина и медиумите ќе имаат единствена прилика во една вечер да ги слушнат повеќето песни од двата албума „Македонско девојче 1“ и „Македонско девојче 2“.

По распродадените шест последователни концерти во Македонската опера и балет, потоа и низ неколку градови во Македонија, за на крај со успешна завршница во арената „Борис Трајковски“ во Скопје (со продадени над 15 илјади билети во цела Македонија), проектот „Македонско девојче“ брзо почна да го освојува и Балканот.

Каролина ќе настапи со бенд, специјално оформен за овој проект, во состав од: Николче Мицевски (композитор, клавијатури, хармоника), Благојче Трајковски (кларинет), Благоја Антовски (тапани), Зоран Костадиновски и Владимир Чадиковски (гитара), Владимир Крстев (виолина), Мартин Јосифовски (бас гитара), а специјален гостин на концертот ќе биде виртуозот на труба, Џамбо Агушев.

Билетите за концертот на Каролина во салата „Коларац“ ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, преку глобалната мрежа Eventim, по цена од 1.500 динари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top