Дури 1,4 милијарди лица на светот дневно користат паметни телефони кои работат на андроид платформа, соопшти американскиот технолошки гигант „Гугл“.
Оттаму велат дека податокот е добиен на основа на бројот на корисниците кои се конектираат на „плеј стор“, сервисот на „гугл“ кои служи за симнување апликации. На „плеј стор“ минатиот месец се конектирале повеќе од милијарда корисници.
Тие додаваат дека бројот на корисниците на андроид може да биде поголем со оглед на тоа дека во статистиката не се вброени корисниците на Кина, бидејќи „плеј стор“ не е достапен во нивната земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.