Англискиот актер Орландо Блум денеска ги посети емигрантите и бегалците во прифатниот камп во Гевгелија. Познатиот актер во Македонија пристигна утрово. Неговото доаѓање, кое е дел од мисијата на УНИЦЕФ, се држеше во тајност. Утрово се појави во прифатниот центар. Разговараше со дел од мигрантите и се интересираше за нивниот пат, за проблемите во нивните татковини. Тој посебно внимание им посети на децата кои минуваат илјадици километри за да стигнат до Западна Европа. За време на неговиот престој во кампот, Орландо Блум испрати и еден од специјалните возови со мигранти и бегалци, кој тргнува од платформата пред транзитниот центар до северната граница.
Инаку Орландо Блум е амбасадор на добрата волја на Уницеф од октомври 2009 година и често е во посета на критични места низ целиот свет, без разлика дали станува збор за земји зафатени со војна или елементарна непогода.
Целата фотогалерија можете да ја погледнете на следниот линк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст