| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се имињата на деца кои ги забрани судот

Родителите понекогаш претеруваат со своите желби. Се трудат да бидат оригинални во давањето имиња на децата, но некогаш претеруваат во фантазиите. Ова е список на имиња кои судот ги одбил.
1. Нутела
Една француска двојка сакала на својата ќерка да ѝ го даде името според познатиот чоколаден крем за да покажат колку е слатка. Судијата не се сложил со тоа со образложение дека името на девојчето ќе биде предмет на исмејување, па девојчето го крстиле Ела.2. Акума (ѓавол)
Акума на јапонски значи ѓавол, а поради обид на детето да му се даде вакво име се огласил и јапонскиот премиер. Министерот за правда истакнал дека владата не би требало да се меша во изборот на имиња, но по подолга расправа, името остана недозволено.

3. Анал
На листата на забранети имиња на Нов Зеланд е името Анал, бидејќи некој родител тоа име му паднало на памет.

4. Гешер (мост)
Норвешка има строги правила кога се во прашање имињата на децата. Мајката на малиот Мост заврши во затвор, бидејќи не ја платила казната поради користење на името кое не е дозволено. Таа изјавила дека името ѝ било кажано во сон и дека така треба да го нарече својот син.
5. @
Како и други бројни земји, така и Кина не дозволува симболи и броеви да бидат дел од името. Но, познатиот симбол во Кина се изговара како„аи-та“, што звучи слично како „го сакам“ на кинески, па една двојка мислела дека тоа е вистинското име за нивниот син единец. Судот не се сложил.

6. Металика
Малата Металика е крстена со ова име, но шведскиот суд рече „не“.

7. Линда
Саудиска Арабија во 2014 година објави список на имиња меѓу кои беше и Линда. На списокот се најдоа имињата кои не се дозволени бидејќи имаат поврзаност со западната култура.

8. Фреис (јагода)
На француски ова значи јагода, но францускиот суд беше загрижен поради фразата „ram è ne ta fraise“ што во слободен превод значи „довлечкај го задникот ваму“, па родителите се откажаа од оваа идеја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top