Обвинетиот за трикратното убиство во Кавадарци, Тони Станоев бил пресметлив во моментот кога ги извршил убиствата, се изјаснија денес вештите лица на главната расправа во Основниот суд во Велес.
Станоев пукал во семејството на својата сопруга поради семејни недоразбирања и расправии околу воспитувањето на нивните две деца. Во моментот кога се случило тројното убиство, пиел антидепресиви, но вештаците сметаат дека тоа не влијаело врз случувањата.
– Лекарствата кој ги пиел во тој период се поради анксиозно- депресивно растројство, тоа не е болест, туку невропатска состојба и немаат влијание врз неговата пресметливост – рече невропсихијатарот Стојан Каров.
Трикратното убиство што ги вознемири кавадарчани, Станоев го извршил лани на 9 ноември. Со пиштол ги застрелал мајката на неговата сопруга Билјана(56), нејзиниот татко Илија(61) и сестра и Снежана (31).
Од разговорите со Станоев било утврдено дека дента тој го зел оружјето со себе, бидејќи наводно се плашел од таткото на својата сопруга. По извршеното тројно убиство, Тони објаснил дека заминал дома, ја бакнал постарата ќерка, се збогувал со неа и два дена се криел на гробиштата во Кавадарци, пред да биде уапсен.
Според вештакот, ова е доказ дека обвинетиот бил пресметлив кога го сторил делото и немало нарушување на психичките функции.
Балистичарот Златко Секулиќ сведочеше дека немало шанса пиштолот сам да испука, како што Станоев се бранеше.
– Сите три лица се застрелани од непосредна близина. Полуавтоматскиот пиштол ЦЗ 79 од 9 мм, со кој се извршени убиствата, не бил во состојба сам да истрела – изјави тој.
Безживотните тела на своите најблиски прва ги откри сопругата на обвинетиот, Данче Станоева, која пред судот ја повтори нејзината тажна животна приказна, каков брак имала со сега поранешниот сопруг.
– Заедно со децата имавме неподнослив живот, со закани кон мене, дека ќе ги убие моите најблиски. Од ден на ден стануваше сѐ поагресивен кон мене и кон децата. По семејното насилство од 15 август лани, се разделивме, децата со одлука на Центарот од Кавадарци одеа кај него преку викенд, но често се случуваше да останат до среда. Некој пат и по две-три недели не ги даваше. Пред четири години со пиштол му се закануваше на татко ми, така што подолго време живеевме сите во страв од неговите постапки – рече сопругата Данче.
На Тони Станоев, кој е обвинет за три кривични дела убиство, му се заканува доживотна затворска казна. Судењето продолжува на 19 октомври.
Фото: МРТ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка