| четврток, 6 декември 2018 |

Бројот на вработени во администрацијата помал од просекот на ЕУ

Во јавниот сектор во Македонија се вработени 128.253 лица во вкупно 1.354 институции, вклучително и во јавните претпријатија. Toа е далеку помалку од бројката со која медиумите блиски до опозицијата шпекулира во јавноста.

 

obem

Иако и претходно се покажаа како целосни лаги шпекулациите дека бројката на вработени во државната администрација изнесува 185.000 лица, дополнителен демант претставуваат и официјалните податоци според кои бројот на вработени во администрацијата во Македонија е под просекот на земјите членки на ЕУ според бројот на жители.

Доколку се направи компарација на бројот на вработени во јавната администрација во Македонија со земјите членки на ЕУ, ќе се дојде до резултат дека дека дури 17 земји членки на ЕУ имаат повеќе вработени лица во централната јавна администрација според бројот на жители.

Бројот на вработени во централната јавна администрација во Македонија (општ владин сектор, минус војска, образование и здравство) изнесува 49 илјади, што претставува 2,36 отсто од вкупниот број на жители во државата или под просекот на земјите членки на ЕУ каде бројот на вработени во централната јавна администрација просечно изнесува 2,4 отсто од вкупниот број на жители.

obem-1

Колку за споредба, во истиот сегмент, бројот на вработени во централната јавна администрација во Франција изнесува 3,8 отсто од вкупниот број на жители, во Кипар тој процент изнесува 5,3 отсто, Германија 3,5 отсто, Грција 3,3 отсто, Унгарија 3 отсто, Ирска 2,5 отсто. Процентуално, според бројот на жители, бројот на вработени лица во јавната администрација во земјава е помал или еднаков од повеќето земји членки на ЕУ: Италија 2,4%, Латвија 2,4%, Литванија 2,5%, Луксембург 2,3%, Малта 3,8 отсто, Холандија 3,4%, Полска 2,6%, Португалија 2,8, Романија 2,3%, Шпанија 3% и Велика Британија 3,1 отсто.

Доколку се направи компарација како процент од вкупниот број на вработени во земјава, кој во вториот квартал од 2015 година изнесува 699.574 лица, ќе се дојде до заклучок дека 16 отсто од вкупниот број на вработени работат во јавниот сектор. Колку за споредба, во истиот сегмент овој процент во Данска изнесува 30 отсто, во Шведска 29 отсто, во Финска 23 отсто, Велика Британија 19 отсто итн.

obem-2

Податоците за бројот на вработени во институциите во јавниот сектор се континуирано достапни и за европските институции кои го мониторираат процесот на интеграции на државата, што дополнително ги прави несфатливи манипулациите на опозициските медиуми кои во лагите одат доттаму што пренесуваат шпекулации од типот дека “Груевски на Хан му “признал“ 185.000 буџетари, а нам “само“ 125.000“, лаги во кои не веруваат ниту тие самите.

За појаснување, институциите на јавниот сектор во Република Македонија ги опфаќаат органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно со Уставот и со закон, институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од единиците на локалната самоуправа.

Со новиот Закон за вработени за јавен сектор, кој стапи на сила во февруари оваа година, Министерството доби надлежност почнувајќи од февруари 2016-та година, да воспостави и води Регистар на вработени во јавниот сектор и соодветно да објавува Годишни извештаи. Се до целосното воспоставување на Регистарот и подготовката на првиот Годишен извештај утврден со новиот закон, Министерството користи податоци добиени преку вкрстување на базите на повеќе релевантни институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top