За повеќето мажи, опаѓањето на коса е стресно искуство, и многумина не можат да се соочат со ќелавоста. Но како што покажуваат многу примери на ќелави мажи околу нас, опаѓањето на косата не значи крај на светот.
Доколку веќе не можете да го спречите или да го забавите процесот на опаѓање на косата, треба да го прифатите и да знаете како да се носите со него. Има неколку нешта што може да ги направите, за да постигнете добар изглед дури и со опадната коса или без воопшто коса.
Запознајте се со опциите
Најпрво, проценете ја штетата. Многумина не забележуваат дека ја губат косата – некои навистина не забележуваат, а други се во фаза на негирање. Ако веќе сте во состојба на оќелавување, имате две опции.
Опција бр.1: Ако ја изгубите косата само во предниот дел, а остатокот ви е уште тука и е густа, може некое време да ја носите истрижена кратко (сè додека не опадне и останатиот дел).
Опција бр.2: Ако имате голема ќелава дупка на врвот на главата, најдобрата опција е целосно да ја избричите косата
Размислете за брада
Ако пораснете малку брада, ова ќе направи баланс во изгледот. Стилистите ги охрабруваат ќелавите мажи да експериментираат со секаков вид и должина на брада – навистина добро стои на мажите без коса.
Облекувајте се според изгледот
Отсуството на косата го менува изгледот и обликот на главата. Затоа планирајте ја облеката според ова – одбирајте облека со јака, наместо со отворен израз.
Негувајте ја главата
Со бричењето на косата, главата ќе ви остане гола и изложена на секакви влијанија. Редовно користете лосион за да ја негувате кожата, а летно време не заборавајте крема со заштитен фактор. А во зима, капата ви станува задолжителна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.