| четврток, 6 декември 2018 |

Од понеделник повисоки пензии, в година ново покачување

penzioneri

На 5 октомври годинава ќе биде исплатена септемвриската пензија, која е зголемена за 621 денар за секој пензионер во Република Македонија. Со ова зголемување бенефит ќе имаат 300 илјади пензионери во државата.

Зголемувањето на пензиите е целосно внесено во буџетот за 2016 година. Средствата за ова зголемување се обезбедени и ќе бидат навреме исплатени.

Зголемувањето на пензиите ќе продолжи и в година.

– Исто така, во октомври 2016 година ќе бидат исплатени по 650 денари зголемени пензии за сите пензионери во Република Македонија. Средствата кои се потребни за тоа се обезбедени во буџетот – рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Следната година пензионерите ги очекува ново зголемување на пензиите. Премиерот Никола Груевски минатата недела преку “Фејсбук“ најави зголемување на пензиите и на социјалната помош од пет отсто и во 2016 година.

„На последната седница Владата реши да поминат законските измени со кои за социјално најзагрозените граѓани, примателите на социјална помош и на постојана парична помош, покрај тоа што оваа година помошта што ја добиваат ја зголемивме за 10 проценти, предвивуваме ново дополнително зголемување за наредната 2016 година од нови 5 отсто. Истовремено, донесовме одлука и за ново зголемување на пензиите. Оваа година, додека пензионерите ја чекаат исплатата на септемвриската пензија, која ја покачивме за 5 проценти, решивме тие да имаат ново зголемување од нови 5 проценти за наредната година“, напиша премиерот Груевски на својот профил на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top