| четврток, 6 декември 2018 |

Во кои градови луѓето се највредни?

Според светската статистика ова е листата од 10 градови во светот во кои најмногу се работи:

hong-kong1-1728x800_c

Хонг Конг
Ова е град  во кој живеат највредните луѓе, бидејќи годишно во просек имаат по 2606 работни часови. Според рекламата на една компанија сите работохоличари треба да се преселат во овој град, бидејќи таму просечно се работи по 50 часа недело и имаат само 17 часови годишен одмор. За споредба Парижаните годишно имаат по 1604 работни часови.

Мумбаи
Еден од најнаселените градови на светот, Мумбаи, Индија, е и еден од највредните. Еден работник во овој град годишно работи  по 2277 часа.

Мексико Сити
Мексико Сити  по бројот на работни часови на годишно ниво (2261) е во ранг со Чикаго (2030) кој важи за највредниот град во САД.

Њу Делхи
Мумбаи не е единствениот индиски град на оваа листа , бидејќи жителите на индиската престолнина годишно работат по 2214 часа.

Бангкок
Секоја година жителите на Бангкок имаат по 2191 работен час и се на се имаат по 9 денови одмор. Но, кога на тоа ќе се додадат и 16-те државни празници тоа и не е толку лошо.

Дубаи
За разлика до Бангкок, во Дубаи работниците добиваат по 30 дена одмор плус државни празници, но тоа не ги спречува во работната листа да впишат 2186 работни часови.

Најроби
Работниците во кениската престолнина имаат 22 дена одмор и 2184 работни часови.

Тајпеј
Жителите на главниот град на Тајван годишно  имаат 2164 работни часа.

Џакарта
Престолнината на Индонезија може да се пофали со најмалку денови за одмор, само 12 дена, и не е изненадување што годишно имаат 2102 работни часа.

Богота
Престолнината на Колумбија успева да ги натера своите жители, годишно да соберат 2096 работни часа

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top