Хороскопскиот знак одредува некои карактерни особини, склоноста кон одредени работи и начинот на кој се однесуваме во љубовта. Или можеби хороскопот ни нуди само добра забава додека ни дава прогнози и совети според упатствата од планетите.
Замислете дека сите хороскопски знаци живеат во една заеднична куќа. 6 часот наутро е, и време е да почнат да се подготвуваат за денот пред нив. Кој ќе биде подготвен во само неколку чекори, кој нема да може да се одлепи од огледалото, кој ќе му даде предност на слаткиот појадок пред дотерувањето? Прочитајте во ова мало сценарио во кое има барем малку вистина.
Секој хороскопски знак има свој утрински ритуал…
6.00: Девицата станува и пред да се тушира го пребришува купатилото. Откако ќе ги измие забите, ја става четката во стерилна чашка и ја сместува на посебно место, понастрана од другите четки.
6.15: Јарецот станува и го исклучува бојлерот. Поминало времето за евтина струја.
6.20: Водолијата оди на утрински џогинг.
6.30: Вагата и лавот се пред огледало и црпат од хидратантната крема и гелот за коса.
6.40: Бикот појадува Нутела со лажица за супа.
6.45: Стрелецот станува и повторно го вклучува бојлерот.
7.00: Ракот прави сендвичи, девицата цеди свежи овошни сокови. Близнакот е уште во кревет и на мобилниот проверува мејл, Фејсбук, Твитер и Инстаграм.
7.05: Скорпијата ја разбива вратат од купатилото. Вагата излегува смртно навредена со несесерот в рака.
7.10: Овенот станува и вклучува стоперка.
7.45: Овенот е истуширан, дотеран, облечен и јури надолу по скалите. Ја исклучува стоперката.
7.15: Бикот струже со лажицата по теглата. Нема веќе Нутела.
7.20: Вагата и лавот повторно имаат битка пред огледалото, прават последна проверка на изгледот и си се воодушевуваат сами на себе за последен пат пред излегување.
7.30: Водолијата се тушира со ладна вода. Јарецот повторно го исклучил бојлерот.
7.40: Сите излегуваат.
7.45: Близнакот се враќа, заборавил еден од трите мобилни.
7.50: Близнакот повторно се враќа, го заборавил паричникот.
8.00: Рибата се буди и сфаќа дека ја заклучиле во станот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.