Лавовите се палат на жесток секс, Скорпиите се незаситни, Близнаците и Овновите се мајстори за секс на брзина, Водолиите и Јарците сакаат секси играчки. Што хороскопскиот знак зборува за нашите сексуални афинитети?
ОВЕН
Сака да покаже доминација во креветот. Сексуална енергија има во голема доза и многу е страсен. Ги сака сите пози во кои може да диктира темпо и да го потчини партнерот. Добро се сложува со сите огнени и воздушни знаци.
БИК
Исклучително сензуален и со фантазии, има способност да почувствува што партнерот најмногу го возбудува. Ги сака сите пози и долга предигра. Посебно му одговараат личности родени во знакот на Скорпија, како сите останати водени знаци…
БЛИЗНАЦИ
Не спаѓат во групата на сексуални знаци, но умеат да изненадат. На Близнакот најсилно оружје му е уметноста на заведување. Сака да зборува во текот на сексуалниот однос. Му одговараат акробатски пози, а одлично се вклопува со Стрелецот и Водолијата.
РАК
Исклучително чувствителен знак на кој му е потребно да сака за да може во сексот да ја покаже својата нежност и умешност. Во спротивно, нема да биде претерано инспириран. Позите што ги сака се оние во кои може да има близок контакт со партнерот. Му одговараат земјени знаци.
ЛАВ
Желбата да биде најдобар не го напушта дури ниту во сексот – секогаш е спремен на се. Сака жесток активен секс и пози во кои може се да набљудува. Му одговараат Овнови и Ваги.
ДЕВИЦА
Овој знак има тешкотии да се опушти во текот на сексуалниот чин, така што му одговараат класични пози, како мисионерската. Добро се сложува со Јарците и со Рибите.
ВАГА
Ужива во заведување и во сексот многу бара. Смета дека го заслужува најдоброто, партнерот исто така ќе добие потполно уживање. Ги сака позите коишто ги откриваат сите нејзини магии. Добро се сложува со Овновите и со Водолиите.
СКОРПИЈА
Во врската сексот и е најважен, па во креветот е одличен партнер. Сака необични пози. И одговараат Бикови, Риби и Ракови.
СТРЕЛЕЦ
По природа е студен и без фантазии, така што сака конзервативни пози и пози во кои партнерот е подоминантен. Се сложува со Скорпиите, Биковите и со Раковите.
ЈАРЕЦ
Во креветот е многу слободен и оригинален, но е и склон кон чести авантури. Го возбудува се, посебно провокативен изглед. Најмногу сака пози во стоечка положба. Му одговараат сите огнени и воздушни знаци.
ВОДОЛИЈА
Овој знак во сексот сака се и секогаш е отворен за иновации. Од сето она што другите се срамат, за Водолијата не е необично, ниту табу. Ја возбудува шепотење. Добро се вклопува со Близнаците и со огнените знаци.
РИБИ
Во креветот умеат да направат вистинска магија. Посебно ги возбудува галењето на стапалата и страсните бакнежи. Ги сакаат сите поинтимни пози. Најмногу им одговараат Ракови, Скорпии и Девици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.