| четврток, 6 декември 2018 |

Сите тајни на популарната поза 69

poza 69

Ниту една поза во сексот нема добиено така култен статус како онаа која овозможува истовремено уживање на обата партнери, како што е популарната поза 69. Иако не е баш на ранг листата за најпопуларни пози за постигнување на врв во сексот, сепак со добра волја и опуштено тело уживањето нема да изостане, а неретко може тоа уживање да ве преплави истовремено.

За и против

Предност на оваа поза е што обата партнери имаат можност истовремено да почувствуваат големо задоволство. Тоа пак, иако звучи контрадикторно, е и нејзината најголема мана. Со еден збор, може да се случи еден од партнерите да го стави сопственото  уживање на прво место и да нема концентрација за задоволување на партнерот.

Без воздржување

Ако се одлучите за оваа поза, заборавете на срамежливост и навиките од минатото. Испробајте ги сите движења што ви одговараат и се удобни и успехот е загарантиран. Но бидејќи оваа поза е многу еротична, стручњаците препорачуваат жените да се внимателни и да остават мажот прв да ја предложи и почне играта.

Кој каде?

Во изведувањето на оваа поза препорачливо е жената да е под мажот. Така нејзе ќе ѝ е поудобно, а со самото тоа и полесно да биде задоволена. Се препорачува истовремена стимулација и со рака.

Удобност

Еден од предусловите за уживање и доживување оргазам е удобноста. Ова особено се однесува на оваа поза. Затоа заеднички побарајте ја најудобната положба, не откажувајќи се од првата проба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top