Унгарија започна со поставување безбедносна ограда долж границата со Словенија, откако заврши со поставување на оградата со Србија и Хрватска, со цел да се запре протокот на мигранти.
Унгарските власти засега не ги потврдуваат информациите, објавени од националната телевизија М1 и од државната информативна агенција МТИ.
Телевизијата М1 објави видео репортажа на која се гледа како три реда бодликава жица се поставени на границата со Словенија на неколку метри од автопатот М70, во близина на градот Лендава.
Бостан Шефич, словенечкиот државен секретар, одговорен за внатрешни работи, потврди денеска пред парламентот во Љубљана дека за првпат биле утврдени дејности долж границата со Унгарија.
Според Шефич Словенија не била официјално информирана од Унгарија за активностите.
Денеска унгарската влада објави дека во брзо време ќе одлучи дали целосно ќе ја затвори границата со Хрватска за бегалци, како што тоа го направи со Србија на 15 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Се шетале покрај морето, се потпреле на оградата и паднале врз карпите: Момче и девојка повредени во Херцег Нови
-
Црна Гора ќе поставува ограда долж границата со Албанија?
-
Унгарија нема да отстапи пред уцените за фондовите на ЕУ